Билјана Црвенковска, која е помошник-тренер, и Стојан Петрушевски, кој е тренер на ракометниот тим Вардар јуниор, ќе бидат тандемот кој од 16.15 часот ќе ја води екипата на Вардар на гостувањето кај Мешков Брет, во натпревар од регионалната СЕХА-лига.
Вардарци ќе настапат со комбиниран состав. Ќе недостасуваат најголемиот дел од ракометарите од првиот тим, но затоа шанса ќе добијат оние што помалку играат и оние од Вардар јуниор.
Поради репрезентативните обврски и неможноста навреме да се комплетира тимот за ова гостување, најдобрите останаа во Скопје и тука ќе тренираат. Со нив ќе биде и тренерот Роберто Гарсија Парондо.
За Белорусија отпатуваа: Јања Војводиќ, Владо Недановски, Мартин Поповски, Марко Мишевски, Марко Кизиќ, Калифа Гедбан, Стефан Атанасовски, Давид Гашовски, Стефан Крстевски, Дејан Кукуловски и Мартин Димов.
Подмладениот Вардар ќе биде аутсајдер, но тоа не значи дека без борба ќе му ги препуштат бодовите на противникот.