Црвено-бел е Белград после големото кошаркарско дерби

Кошаркарите на Црвена ѕвезда го совладаа Партизан во Арена со 71-73 во големото српско дерби во Евролигата. Овој дуел беше мошне значеен за двете екипи, а на крајот славеа Црвено-белите.

Во последните две минути се влезе во резултат 70-71, а тензијата го достигна максимумот. Карлик Џонс реализираше едно слободно фррање за израмнување, а на спротивната страна Недовиќ не погоди тројка.

Не успеа да постигне кош и Стерлинг Браун, а Недовиќ беше фаулиран на 0,6 секунди до крајот. Тоа беше фатално за Партизан, за конечни 71-73.

Карлик Џонс постигна 20 поени во редовите на Партизан, додека Филип Петрушев уфрли 17 кај Црвена ѕвезда.

Фенербахче ја совлада Виртус Болоња со 95-81, Монако славеше против Реал Мадрид (77-73), а Олимпијакос го доби дуелот со Анадолу Ефес (92-89).

- Оглас -

Најнови вести