„Црвено-белата“ драма во Пиреја за кошаркарите на Олимпијакос

Екипата на Олимпијакос излезе како победник во „братското“ дерби со Црвена ѕвезда во кошаркарската Евролига. Домашните до победата од 88-83 дојдоа во самиот финиш откако успеаја да ги одбијат сите напади на белграѓани да се вратат резултатски.

Црвена ѕвезда одлично започна и го доби првиот период, но пресврт следуваше веќе во вториот, по кој Олимпијакос замина со водство на полувремето од 45-44. Доминацијата на „црвено-белите“ од Пиреја продолжи и во третата четвртина и траеше сè до три минути пред крајот на мечот, кога имаа двоцифрена предност. Сепак, Црвена ѕвезда успеа да намали и да ја направи завршницата неизвесна, но не и да направи комплетен пресврт.

Питерс од Олимпијакос беше најефикасен на мечот со 28 поени, додека Недовиќ постигна најмногу поени, 26, во поразената екипа.

- Оглас -

Најнови вести