„Црвено-белата“ пресметка во Пиреја за кошаркарите на Sвезда

Кошаркарите на Црвена ѕвезда со целиот плен си заминуваат од Пиреја откако го совладаа евролигашкиот лидер Олимпијакос на негов терен. Екипата од Белград славеше со 73-81 и таа дојде до 17-тата евролигашка победа оваа сезона, со која останува во игра за пласман во топ-6 и избегнување на плејин разигрувањето.

Гостинските кошаркари влегоа одлично во мечот и на самиот старт имаа неверојатни +15, односно водство од 2-17. Следуваше консолидација на Олимпијакос, кој успеа да дојде до едноцифрена негатива, па дури и да внесе неизвесност во финишот. Сепак, Црвена ѕвезда подобро се снајде и успеа да ја зачува предноста, а на крајот и да дојде до голема победа.

Литванецот Гиедраитис со 20 поени беше најефикасен на мечот, додека во поразениот состав Везенков уфрли 19 поени.

- Оглас -

Најнови вести