Тренерот на кошаркарите на Црвена ѕвезда, Јанис Сферопулос, ги изнесе своите очекувања пред вечерашниот натпревар со АСВЕЛ во Евролигата. Натпреварот ќе се одигра од 20 часот во белградската Арена, во рамките на 20-тото коло од елитното натпреварување.
Сферопулос предупреди на силата на тимот на АСВЕЛ, кој доаѓа во Белград по два последовни порази, од Париз во Евролигата и од Лимож во француското првенство.
„Важен натпревар за нас. АСВЕЛ е прилично атлетски тим, играат многу добро. Имаат три победи во последните пет кола. Очекуваме тежок натпревар. Имаат широк ростер. За нас е од исклучително значење да останеме фокусирани на нашиот план, сакам да играме натпревар во нашиот ритам. Контролата на скоковите ќе биде важна. Имаат два-тројца играчи кои ја контролираат топката и ја организираат играта, како што се Маледон, Де Коло и Париз Ли. Тие се главни креатори и поентери. Имаат повеќе начини на напад, но ние сме подготвени и знаеме што треба да правиме во одбраната. Во напад мораме да бидеме паметни и да најдеме вистински решенија“, изјави Сферопулос.

Денешната понуда од Евролигата стартува со дуелот меѓу Анадолу Ефес и Реал Мадрид од 18.30 часот, а, секако, сите натпревари се проследени со квотите во Sport Life.
Понудата е огромна затоа што можете да одиграте и поентерски ефект на кошаркарите (плус/минус), но и на бројот на уфрлени тројки на одредени играчи.

