Црвено-белите конечно и се израдуваа на првата победа во Евролигата

Кошаркарите на Црвена звезда вечерва во петтиот натпревар, дојдоа до првата победа во Евролигата. Во „Александар Николиќ“ Арената, Црвено-белите со 78:72 го совладаа тимот што сè уште нема триумф, Баерн Минхен.

Целиот натпревар помина во слично сценарио, Црвено-белите правеа предност, а кошаркарите на Баерн ја бркаа истата, но но немаа сили да направат пресврт.

Победникот не беше решен дури на стартот од последната четвртина кога Црвена звезда направи предност од 13 поени, туку на неколку минути до крајот на мечот кога од плус пет, домашните кошаркари избегаа на плус девет.

https://twitter.com/i/status/1586071458278932480

 

Аргентинецот Лука Вилдоса беше најефикасен во редовите на Црвена звезда со 20 поени, Добриќ даде 12, а Недовиќ 11 поени. Кај Баварците Винстон постигна 18 поени.

Во турската пресметка, Фенербахче со 88:79 славеше против Анадолу Ефес и ја продлабочи кризата кај европскиот шампион.

Анадолу Ефес кој се уште игра без својот најдобар играч, Шејн Ларкин, има скор од две победи и три порази, додека Фенербахе е максимален со пет триумфи.

Скоти Вилбекин со 29 и Марко Гудуриќ со 19 поени го предводеа Фенербахче до петтиот триумф, додека на спротивната страна најдобар беше Василије Мициќ со 19 поени.

Лион-Вилербан ја декласира Басконија победувајќи со 87:61 и ја забележа втората победа во елитното натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести