28.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Црвено-црн петок во Првата македонска фудбалска лига

Со мечевите Шкендија – Башкими и Вардар – Македонија Ѓорче Петров денеска почнува петтото коло во Првата македонска фудбалска лига.

На хартија фаворити се домашните екипи кои се борат за титула, но ќе треба добро да се потрудат за да победат против двата амбициозни тима кои се нови прволигаши сезонава.

Башкими тргна супер и немаше пораз во првите три рунди, а потоа дојде пораз 0-5 од Струга, кој малку ги спушти на земја. Првакот Шкендија претходниот пат кога играше дома со Башкими пред 17 години, тоа беше спектакл со 7 гола (победа на тетовци од 4-3).

Лавовите пак губеа во првите три кола, а во претходното победија и го напуштија дното. Вардар даваше барем по два гола на сите четири меча досега, а Македонија Ѓ.П. на ниту еден меч не успеа да ја зачува својата мрежа.

- Оглас -

Најнови вести