„Црвено-црна“ битка во Маџари: Едните по бодови за опстанок, другите за во Европа (Фото)

Пет натпревари од 24-тото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се одиграат денес. Најголемо внимание привлекува дуелот помеѓу Вардар и Шкендија кој ќе се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари. Двете екипи имаат големо ривалство од минатото кога одлучуваа за титулата, но оваа сезона се на различни краеви од прволигашката табела.

Вардар после пауза од две сезони се врати во Првата лига и сега се обидува со сите сили да се избори за опстанок, додека Шкендија е далеку од нивото на кое беше пред неколку сезони.

Пред само две седмици овие две екипи се сретнаа на Градскиот стадион во Тетово, а домашните тогаш победија со убедливи 3-0. Токму тој пораз е единствениот за Вардар оваа пролет, а избраниците на тренерот Горазд Михаилов од коло во коло играат се подобро и грабат кон позициите кои водат во златната средина на табелата.

Според квотите во Sport Life, екипата на Шкендија како фаворит влегува во мечот со квота од 1.73 за победа, додека победата на Вардар има квота од 4.45. Нерешениот исход на стадионот во Маџари има квота од 3.10.

Второпласираниот Шкупи ќе има незгодно гостување во Охрид, против дебитантот во лигата Воска, а возбудувања се очекуваат и во Штип, Кратово и Ѓорче Петров. Брегалница го пречекува Гостивар, Брера му гостува на Силекс, додека фенерџијата Македонија ЃП ќе го нагости Тиквеш од Кавадарци.

Колото ќе го затворат екипите на Работнички и Струга, кои утре ќе играат на Националната арена во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести