Црвено-црна недела во Маџари: голема победа на Вардар

Вардар е најголемиот победник во денешните пет меча од Првата македонска фудбалска лига.

Вардарци на нерамниот терен на стадионот во Маџари го совладаа директниот конкурент во битката за опстанок, Брегалница.

Алтипармаковски погоди од пенал во 21-ва минута, а три минути подоцна Глишиќ даде прекрасен гол, па сега најтрофејниот македонски клуб изби пред штипјани на табелата, а и пред Македонија Ѓорче Петров која е нов „фенерџија“ откако прими три гола во првото полувреме на гостувањето против Брера Струмица.

Шкендија не го искористи ремито на Струга и Шкупи, тетовци беа шокирани од Гостивар во финишот (гостите дадоа голови во 86-та и 91-ва минута, двата од пенал), и сега заостануваат три бода зад лидерот Шкупи.

 

РЕЗУЛТАТИ: Брера Струмица – Македонија Ѓорче Петров 3-0, Шкендија – Гостивар 2-2, Тиквеш – Работнички 2-0, Вардар – Брегалница 2-0, Воска спорт – Силекс 0-0. Вчера: Струга – Шкупи 2-2.

- Оглас -

Најнови вести