Македонскиот фудбалски национален тим ги прави последните подготовки пред утрешниот меч со Португалија, кој може за првпат во историјата да ги однесе Рисовите на едно Светско првенство. Малкумина веруваат дека Македонија може да победи, но фудбалерите и стручниот штаб се уверени во спротивното.
Во овие моменти на „Драгао“ во Порто се одржува последниот тренинг. Погледнете дел од атмосферата: