Лече и Рома одиграа 1-1 во меч на кој двата гола паднаа во првите 17 минути од средбата.
Пресметката на двата тима на кои основните бои на дресовите им се црвена и жолта, го одбележа и простестот на навивачите на Лече кои бараа да се симне забраната за гостувања. Поради забраната, на трибините немаше фанови на Рома, па домашните немаше со кого да се надвикуваат.
Добра вест за Рома е што после 181 дена пауза, на терен се врати Џини Вајналдум, а голот за Волчицата го даде Пауло Дибала од пенал и тоа е осми погодок за Аргетинецот сезонава во Серија А.