ЦСКА го растури Фенер, Ѕвезда не одолеа на незгодниот Асвел

ЦСКА Москва го доби таканареченото дерби против Фенербахче со убедливи 88:70. Армејците запишувајќи го својот шести триумф, успеаја по шести пат сезонава да го разочараат турскиот гигант и да им ги зголемат веќе постоечките проблеми во таборот.

Гостите од Истанбул имаа надежи за позитивен исход од оваа средба сè стартот на второто полувреме, а потоа ЦСКА го засили темпото и во последната четвртина влезе со +15 поени разлика. Мајк Џејмс запиша одличен настап со реализирани 31 поен, а 23 додаде Стрелниекис.

Црвена ѕвезда не одолеа на незгодниот Асвел и го претрпе шестиот пораз сезонава со конечни 74:72. Црвено-белите иако беа во резултатска предност речиси цел натпревар, на крајот стратуваа од пораз и само го одложија да го претрпат во дополнителниот период. Ѕвезда иако имаше осум поени предност на три минути до крајот, гостите се изборија за продолжение кое го добија со 9-7.

Жан-Шарлс со 20 поени ги предводеше Французите, додека Берон беше најсветла точка за поразените со 16 поени.

- Оглас -

Најнови вести