ЦСКА Москва „прокоцка“ неверојатно водство против Монако и на крајот убедливо изгуби

Екипата на Монако направи мала сензација во седмото коло од Евролигата откако успеа да ја совлада фаворизираната ЦСКА Москва со 97:80 .

Гостите од Русија кои што го имаат еден од најквалитетните состави во ова натпреварување, во еден момент од првиот дел имаа и водство од 21 разлика (18:39).

Но, домашниот тим имаше нестварно второ полувреме каде што постигна 58 поени и со тоа на крајот забележа убедлива победа.

Вил Клајбурн беше најефикасен на оваа средба со 19 коша, а кај домаќините се истакнаа Донта Хал со 17 и Данило Анѓушиќ со 16 поени.

Актуелниот првак, пак, Ефес Пилсен, конечно, одигра како што му доликува и убедливо го победи Жалгирис со 94:60, остварувајќи го еден од највисоките триумфи во својата историја.

Германецот Тибор Плејс даде 17 кошеви, а главните ѕвезди Ларкин и Мициќ уште пред крајот на третата четвртина беа испратени на клупата со цел да се спречи нивна повреда.

 

ЕВРОЛИГА РЕЗУЛТАТИ

Монако – ЦСКА Москва 97:80

Анадолу Ефес – Жалгирис 94:60

Уникс Казан – Мадрид 65:58

Зенит Ст. Петерзбург – Басконија 83:54

- Оглас -

Најнови вести