ЦСКА експресно му се реваншираше на Зенит за поразот од пред дваесеттина дена и со победа на гостински терен е лидер во Евролигата.
Московјани славеа убедливо во Санкт Петербург со 80:78 и со камата го вратија долгот по поразот од Зенит во популарната Балтичка лига, или како што се нарекува ВТБ натпреварувањето.
На 7. октомври тимот од Саанкт Петербург изненади со триумф од 82:79 во Москва, но вечерва настрада со пораз од 17 поени разлика.
Клучна за петтата победа на ЦСКА во Евролигата беше одличната игра на гостите во последниот период што го добија со 15 поени разлика, 26:11.
Мајк Џејмс со 16 поени го предводеше фаворитот до победа, а Фојтман постигна 14, еден повеќе од дуото Курбанов и Хилард.
Кај Зенит и на мечот најефикасен беше Густаво Ајон со 20 поени.