ЦСКА со американски сили ќе го брани европскиот трон

Европскиот првак ЦСКА Москва ги осигура услугите на Мајк Џејмс и Рон Бејкер. Двајцата Американци се најновите засилувања за тренерот Димитрис Итудис откако потпишаа едногодишни договори со Армејците.

Џејмс пристигна од редовите на Олимпија Милано, а откако предвремено ја прекина соработката со италијанскиот тим, шансата за повторно да блеска во Евролигата ја најде во Москва. Бекот лани во просек постигнуваше 18,9 поени по натпревар, по што ја доби титулата за најдобар поентер во континенталниот шампионат.

Покрај него, ЦСКА доведе играч од НБА лигата. Бејкер изминативе две сезони настапуваше за Њујорк Никс и Вашингтон визардс, а на 26 години одлучи да се проба во најквалитетната европска кошаркарска лига.

ЦСКА претходно потпиша со искусниот центар Костас Куфос, Дарун Хилард и Јоханес Војгтман, додека тимот на Итудис ова лето го напуштија Нандо Де Коло и Серхио Чачо Родригес.

- Оглас -

Најнови вести