9.8 C
Skopje
петок, 6 февруари 2026

Цветковиќ: Вардар е најголем клуб во Македонија, верувам дека ќе ја освоиме титулата

По заминувањето на Роџерс Мато, челниците на Вардар брзо реагираа и по левата крилна позиција по доведоа Стефан Цветковиќ. Српскиот интернационалец кој дојде од тимот на Железничар Панчево, верува дека ќе се вклопи меѓу Црвено-црните.

„Луѓето во клубот ме побараа да дојдам овде и благодарам што покажаа дека веруваат во мене, а јас ќе се трудам да им вратам со партии на теренот и да помогнам. Вардар е најголем клуб не само во Македонија, туку и во регионот. Тоа ме привлече, ќе дадам се од себе да бидеме шампиони. Доаѓам на позиција на играч кој беше најдобар стрелец и се надевам ќе успеам да го надополнам неговото отсуство“, вели Цветковиќ.

Играчот кој треба да биде најголемото зимско засилување за Вардар, прв пат ќе игра во македонското првенство, но вели дека од претходно ги следел натпреварите во нашиот шампионат и дека очекува брзо да се вклопи во составот на лидерот во Прва лига.

„Македонската лига сум ја прател порано, знам за каква лига се работи. Тоа е нешто како Суперлигата на Србија од каде доаѓам и се надевам дека брзо ќе се прилагодам на сите услови тука“, додава Цветковиќ непосредно пред .

- Оглас -

Најнови вести