Цволе е ни горе, ни долу, ПСВ повторно гледа кон врвот

ПСВ Ајндховен – Цволе (18.30 часот)

Фаворитот се знае, а ова е меч со посебно значење за домаќините бидејќи бијат тешка битка со Ајакс за титулата. Вчера „копјаниците“ го декласираа Емен со 5-2, па сега на ред е ПСВ да одговори.

Имаат четири победи по ред на домашен терен против Цволе, а во последно време овие две екипи играат мошне ефикасни мечеви.

Цволе е ни горе, ни долу на табелата во холандското првенство. Секако, и за нив е предизвик да се изненади еден од најдобрите и најтрофејни клубови во земјата, но ПСВ е пресилен за нив и ќе слави победа за враќање на првото место.

Предлог тип: 1&0-29 минута (1.90)

 

Севилја – Алавес (19.30 часот)

Севилја повторно има многу кадровски проблеми во клучен дел од сезоната. На почетокот редум се повредуваа Меркадо, Меса, Ескудеро…, а и сега Хокаин Капарос има многу проблеми.

На листата неизвесни за дуелот со Алавес повторно се Ескудеро и Меркадо, потоа и голманот Вацлик и офанзивците Сарабија, Нолито и Андре Силва. Тоа се неочекувани и големи маки за тренерот, а мечот е од исклучително значење за двете екипи.

Алавес со 44 бодови е на шестата позиција, последна во Ла Лига што води во европските купови, додека Севилја со бод помалку е веднаш зад нив.

И двете екипи сè уште имаат шанси и за пробив на погорните позиции за евентуален настап следната сезона и во Лигата на шампионите. Но, денеска треба да се победи, па едната екипа ќе заостане зад конкурентите. Ремито не е опција за Севилја, а можеби и му одговара на Алавес.

Во последно време, без разлика дали на „Рамон Санчес Писхуан“ или во Виторија, двете екипи играат тврди мечеви меѓу себе со малку голови. Севилја е во серија од пет победи на домашен терен против сезонава одличните Баски.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.30)

 

Феенорд – Херенвен (20.45 часот)

Домаќинот е во обид да се стигне АЗ Алкмар на третата позиција за да се обезбеди настап во квалификациите за Лигата на Европа, а Херенвен ќе се обиде со подвиг на „Де Кајп“ да се доближи до позициите кои носат разигрување за место во квалификациите во Лигата на Европа.

Последните 8 натпревари без исклучок ги одиграа со Гол-гол, а седум од нив беа ГГ&3+. И денеска нема причини да не биде ефикасно, бидејќи нема некаков посебен императив и кај двете екипи.

Предлог тип: 4+ (1.87)

 

Аталанта – Болоња (21 часот)

Аталанта доби три неочекувани подароци во ова коло и ако победи, ќе биде на еден чекор зад Милан во битката за настап во Лигата на шампионите.

Тимот од Бергамо е вистинско освежување во Серија А, игра напаѓачки фудбал, изгледаат мошне атрактивно на терен и ги собраа симпатиите на неутралните симпатизери на италијанскиот фудбал. Сега на рака им одат и киксовите на Милан, Лацио и Рома, па ако ја добијат Болоња, ќе бидат блиску до посакуваната цел, прв настап во ЛШ.

Но, на гости им доаѓа тим со огромна традиција и состав што победува во последно време. Болоња e седумкратен првак на Италија и клуб со големо реноме на Чизмата, досега е во многу незавидна ситуација и грчевито се бори за опстанок.

Речиси и да беа отпишани во трката за да избегнат испаѓање, но се запишаа со три победи по ред. За нив вечерва во Бергамо и бод е голем како куќа, но фаворит е домаќинот.

Предлог тип: 1-2I&1-2II (2.85)

 

Реал Сосиедад – Бетис (21.30 часот)

Овде некако „мириса“ на реми, исход што трипати се случи на последните пет пресметки меѓу двата тима. Бетис има шанси да фати приклучок за Европа, но само ако ја освои „Аноета“, во минатото еден од најтешките фудбалски бастиони во Европа за гостинските екипи.

Сезонава е исклучок и Реал Сосиедад има повеќе порази од победи на свој терен. Тимот од Сан Себастијан има и доста кадровски проблеми, сигурно нема да игра Илјарименди, па ќе му биде тешко да се справи со сосема солидниот состав од Севилја.

Предлог тип: Х (3.25) 

 

 

- Оглас -

Најнови вести