Цволе го уништи Ден Бош за највисока победа во историјата на холандскиот фудбал!

Вечерва во холандската Ерсте дивизија (втора лига) се одигра натпревар за паметење кој влезе во книгата на рекорди според висината на победата.

Цволе го порази Ден Бош со дури 13-0, и ова е изедначување на холандскиот лигашки рекорд кој досега сам го држеше Ајакс кој во 2020 година истотака со 13-0 го разби Венло.

Седум голови во мрежата на несреќниот Ден Бош паднаа во прво, а шест во второто полувреме.

- Оглас -

Најнови вести