МЗТ Скопје одигра феноменална одбрана против Рогашка, а победата од 74:54 е трета во низа во АБА 2 лигата за македонскиот претставник.
По скромниот старт и предноста на гостите од 20:19 по првата четвртина, кошаркарите на МЗТ Скопје ги затворија приодите кон својот кош и му дозволија на противникот само уште 34 поени во следните три периоди.
Во втората четвртина кошаркарите на Рогашка речиси и не го видоа кошот на домаќините и постигнаа само 5 поени за десет минути, а скопјани веќе направија пресврт и на полувреме заминаа со предност од 34:25.
Разликата постојано растеше и стигна до конечни плус 20 и победа од 74:54. Дамјан Стојановски со 18 поени беше најефикасен кај МЗТ Скопје, кој е лидер со три победи од три меча. Крстевски уфрли 13 поени, а Омот 11.
Кај гостите, Лелиќ со 12 и Ферме со 10 поени се единствените кои ја надминаа двоцифрената граница.