Тудор е убеден: Јувентус ќе се пласира во Лига на шампиони

Во крајот на италијанската Серија А остануваат уште три кола, а голема е битката меѓу Наполи и Интер за шампионската титула. Неозвесност има и за местата кои водат во Лига на шампиони, каде Аталанта, Јувентус, Рома, Лацио и Болоња имаат свои калкулации. Токму еден од најинтересните мечеви викендов во Серија А е ќе биде меѓу ривали кои се во борба за место во ЛШ.

Лацио го пречекува Јувентус, а тренерот на Старата дама, Игор Тудор е голем оптимист, не само за исходот на дуелот на „Олимпико“, туку воопшто за конечниот исход по одиграни 38 кола во Серија А.

„Убеден сум дека Јувентус ќе игра во Лига на шампиони. Сите тимови мислат дека се силни. Потоа излегуваат на теренот и понекогаш зборовите се претвораат во чад. Мора да бидете добро подготвени. Лацио е одличен тим, со квалитетни играчи. Затоа треба да сме внимателни и фокусирани во текот на целиот натпревар“, вели Тудор.

- Оглас -

Најнови вести