Игор Тудор многу веројатно ќе добие експресен отказ и нема да ја заврши сезоната на клупата на Тотенхем, иако дојде како привремено решение да го извлече тимот од кризата. Но, не само што ситуацијата не се подобри, туку стана и многу полошо.
Англиските медиуми тврдат дека е познато и името на неговиот наследник на клупата на тимот од Лондон, а тоа ќе биде Роби Кин.
„Клупската хиерархија е во преговори, а претходно беше одлучено Тудор да остане до реваншот против Атлетико Мадрид. Сепак, поразот во првиот натпревар ги натера да ја преиспитаат одлуката“, истакнуваат медиумите во Англија.
„Клубот продолжува со своите активности, но сега главна цел е што побрзо да се договори замена за Игор Тудор. Сите се свесни дека тимот не реагираше на Тудор онака како што се очекуваше. Разговарано е со Роби Кин, кој исто така е на радарот на Кристал палас и Селтик. Тотенхем ги разгледува сите опции, но Кин е прв избор“, се потенцира во британскиот спортски печат.

