Најпознатиот светски инсајдер за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо, пренесува дека раководството на Јувентус веќе постигнало договор со Игор Тудор, кој треба да потпише договор до крајот на тековнава сезона, со можност да биде продолжен и за наредната.
Легендарниот поранешен хрватски тренер треба да биде наследникот на Тијаго Мота на клупата на „старата дама“, за кого е само прашање на време кога ќе биде официјализиран отказот.
Јувентус на последните две средби загуби од Аталанта со 0-4 на домашен терен и со 3-0 на гостувањето кај Фиорентина. Хрватот како фудбалер настапуваше цели девет сезони за Јувентус, од 1998 до 2007 година, а во сезоната 2020/21 беше дел од стручниот штаб на Андреа Пирло.