8.8 C
Skopje
петок, 20 февруари 2026

Тудор: Тренираме со само 13 играчи пред дербито со Арсенал, сигурно нема да испаднеме од лига

Хрватскиот стратег Игор Тудор неодамна беше наименуван за нов предводник на Тотенхем, а веќе в недела ќе го има дебито и тоа во големото градско дерби против Арсенал.

Доброто е што Тотенхем ќе биде домаќин во дербито на Северен Лондон, а лошото е што Тудор има големи проблеми со повредени играчи.

„Многу ретко се случува дури 10 фудбалери да бидат повредени и тоа да се сериозни повреди. Тренираме само со 13 играчи. Не е убаво, но мора да го прифатиме и тој предизвик. Со сигурност ќе имаме 13 подготвени фудбалери за дербито в недела. Знам колку значаен е тој натпревар за навивачите. Сите очекуваат да освоиме три бода“, вели Тудор.

Интересно е дека Арсенал има освоено двојно повеќе бодови од Тотенхем. Топчиите се лидери на табелата со 58 бодови, додека Тотенхем е на 16-тото место со само 29 бодови и има само пет повеќе од Вест хем кој е во зоната за испаѓање.

„Не сум тука дојден да уживам, туку да работам. Многу е важно да станеме тим, да бидеме заедно во една група, да внимаваме еден на друг. Според мене тоа е основното. Бидете сигурни 100 отсто дека нема да испаднеме од Премиер лигата“, додаде Тудор, правејќи ги последните подготовки пред дуелот против Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести