Тудор уште не седнал на клупата на Јуве, а веќе му бараат наследници

Хрватот Игор Тудор денеска го имаше првиот тренинг како шеф на стручниот штаб на Јувентус, а во италијанските медиуми веќе почнаа шпекулации околу тоа кој би го наследил Тудор на клупата во следната сезона.

Договорот на Тудор е со важност до крајот на сезонава и ако Јуве обезбеди место во Лигата на шампионите, договорот ќе се продолжи до крајот на наредната сезона 2025/2026, но има и клаузула со која дури и да се пласираат во ЛШ, клубот може да се раздели со Тудор и донесе нов тренер, најдоцна до 30 јули годинава.

Клубот имал три главни желби за тренер за следната сезона. Наводно прв на листата им е Антонио Конте, кој во моментов го води Наполи и има договор до јуни 2027 година. Силен кандидат е и Роберто Манчини, кој е без ангажман, а се спомнува и Стефано Пиоли, кој е тренер на Ал-Наср.

Зинедин Зидан исто така би сакале да го видат на клупата, но се чини дека тој ќе биде нов селектор на Франција по Светското првенство кое ќе се игра следната година.

- Оглас -

Најнови вести