Тудор возел 1.000 километри со автомобил за да потпише за Јувентус (Видео)

Игор Тудор од вчера и официјално е нов тренер на Јувентус и ќе го замени Тијаго Мота, кој се раздели со Старата дама по лошите резултати. Хрватот за Јувентус настапуваше од 1998 до 2007 година, а во сезоната 2020/21 беше дел од стручниот штаб на Андреа Пирло.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Тудор во тренинг-комплексот во Торино пристигнал со својот автомобил и минал пат од околу 1.000 километри од Сплит.

Детали од договорот не се откриваат, но италијанските медиуми шпекулираат дека Хрватот ќе заработи 500.000 евра за договор до крајот на сезоната, а потоа ќе се преговара за евентуално продолжување.

 

- Оглас -

Најнови вести