Тухел: Бев нервозен пред дебито на клупата на Баерн

Томас Тухел со победа ја започна својата работа како тренер на Баерн Минхен. Во најголемото дерби на германскиот фудбал во изминатите 20-тина години, Баерн Минхен со 4:2 ја совлада Борусија Дортмунд и се врати на лидерската позиција на табелата.

Баерн има 55 бода, два повеќе од Борусија , а четири од Унион Берлин кој е третопласиран.

По мечот, Тухел призна дека не му беше лесно на дебито на клупата на Баерн.

„Бев многу нервозен. Го направивме првиот чекор, но имаме уште многу простор за напредок. Тоа што се вративме на лидерската позиција ќе ни даде поголема самодоверба. Промената на тренерите секогаш внесува одреден немир во екипата, но фудбалерите беа 100 отсто подготвени да се борат за победата. Кога игравме смирено, создававме шанси, а кога бевме понервозни тогаш грешевме“, изјави Тухел.

- Оглас -

Најнови вести