Тухел чека понуда само од три тима

Германскиот стратег Томас Тухел сè уште е без ангажман откако пред два месеца доби отказ од Челзи и нема намера да ја прифати првата понуда што ќе пристигне на негова адреса.

Тухел иако пред една година со Челзи триумфира во Лигата на шампионите, по поразот од Динамо Загреб на стартот од елитното натпреварување оваа сезона доби отказ и беше заменет со Греам Потер, кој дојде до Брајтон.

Магазинот „Билд“ пишува дека Тухел не се брза да се врати на тренерската работа и е подготвен да ја чека вистинската понуда. Според „Билд“, Тухел чека повик само од три тима, и тоа Реал Мадрид, Барселона и Јувентус.

Карло Анчелоти, кој со Реал Мадрид ја освои титулата во ЛШ, има договор до 2024 година и најави дека по Кралскиот клуб, ќе замине во пензија.

И Чави Ернандез има договор со 2024 година со Барселона, но неговата позиција во каталонскиот тим е сигурна. Иако Барселона испадна од Лигата на шампионите, Чави е дете на клубот, беше капитен во најдобрите години во историјата на тимот.

Масимилијано Алегри беше пред отказ од Јувентус по слабиот старт на сезоната, но големата отштета што требаше Старата дама да му ја исплати во случај на отказ го остави на клупата, а со серијата од шест победи по ред во Серија А си обезбеди мир во крајот на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести