Томас Тухел може да добие отказ од ПСЖ во претстојниот период, а раководството подготви изненадувачки план за негова замена. Наводно, Тијаго Мота е фаворит за преземање на клупата на европскиот вицепрвак, некогашниот фудбалер на Светците кој е новак во тренерскиот занает.
Тухел во последно време не е во добри односи со клупската управа, особено со спортскиот директор Леонардо, па затоа му се бројат деновите на „Паркот на принцовите“.
Иако Максимилијано Алегри неколкупати се поврзуваше со клупата на ПСЖ, францускиот шампион ќе му даде шанса на Мота, кој во кратката тренерска кариера го предводеше младинскиот тим на Светците и не се задржа долго во Џенова, каде што му беше тренер на Горан Пандев.