Тухел ги откри целите на Баерн за следната сезона со или без Кејн

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, изјави дека во следната сезона сака да триумфира во Лигата на шампионите без разлика дали во тимот ќе го има Хари Кејн или не. Денеска Баерн Минхен и Тотенхем постигнаа договор за трансферот, но последниот збор ќе го има Кејн.

Тухел на клупата на Баерн седна пред неколку месеци, кога управата одлучи да му врачи отказ на Јулијан Нагелсман, и благодарение на киксот на Борусија Дортмунд, успеа да ја освои титулата во Бундеслигата.

„Мислам дека ниту еден тренер кој седел на клупата на Баерн не може да каже дека не очекува да бидеме на врвот. Сакаме да бидеме шампиони и повторно да играме во финалето на Купот, како и да бидеме едни од најголемите конкуренти за триумф во Лигата на шампионите“, изјави Тухел.

Германецот веќе има трофеј во Лигата на шампионите, Тухел со Челзи во 2021 година триумфира во ЛШ откако во финалето со 1:0 го совлада Манчестер сити.

„Се чувствував чудно кога со Челзи станав европски шампион. Напорно работев на остварување на сонот, кој во таквиот процес станува јасна цел. Интересно е што таквиот успех слабо влијае на вас кога трофејот ќе се најде во вашите раце бидејќи сакате повторно да го кренете во вис“, додаде Тухел.

- Оглас -

Најнови вести