Фудбалерите на Баерн Минхен не успеаја да го победат Реал Мадрид и со предност да патуваат на реваншот на „Сантијаго Бернабе“. Гостите од Мадрид имаа водство, па „баварците“ направија пресврт, но сепак Реал успеа да се извлече и со поволен резултат да си замине од Минхен.
Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, го лоцираше виновникот за двата гола на Реал Мадрид, а тоа е централниот дефанцивец, Ким Мин-јае.
„Беше премногу тврдоглав во двете ситуации. Најпрво рано тргна на Винисиус на првиот гол, а Тони Крос го фати во расчекор при проигрувањето. Ризикуваше и беше преагресивен. На вториот гол повторно погреши. Игравме пет на два, бевме повеќемина. Немаше никаква потреба толку агресивно да се брани Родриго. Кога Дајер дојде да помогне, Ким го сруши Родриго. За жал, со квалитетот кој го има Реал, тие грешки веднаш се казнуваат. Се случува, мора да гледаме напред.“ – рече Тухел.