Тухел го вклучи алармот: Како ништо да не сме работеле четири недели!

Баерн Минхен на својата „Алијанц Арена“ доби лекција од Лајпциг и загуби убедливо со 0:3 во Суперкупот на Германија. За Лајпциг ова е прв ваков трофеј и тоа освоен на теренот на најтрофејниот клуб во земјата.

За Баерн Минхен во второто полувреме дебитираше Хари Кејн, но и тој беше немоќен да го спречи поразот на неговиот нов клуб. По мечот, тренерот на баварците, Томас Тухел беше шокиран од тоа што го гледал 90 минути на теренот.

„Не можам да објаснам што се случи. Многу лесно ги примивме головите. Како ништо да не сме правеле изминативе четири недели. Тоа што денеска на теренот го покажаа играчите нема никаква поврзаност со тоа што работевме изминатиот месец. Ова едноставно е алармантно“, рече незадоволно по поразот Тухел, кој имаше пофални зборови за Кејн.

„Не очекувавме дека тој ќе влезе и ќе биде суперхерој. Треба да го прифатиме таков каков што е, а тоа е дека е добро момче, одличен голгетер и добра личност. Жал ми е што на ваков начин дебитираше за Баерн“, додаде Тухел.

 

- Оглас -

Најнови вести