Репрезентацијата на Англија по слабата игра против Андора и победата од 0-1 над аутсајдерот во квалификациски меч, доживеа вистински шок и загуби со 1-3 од Сенегал во пријателски натпревар пред своите гледачи.
Хари Кејн уште во седмата минута го донесе Гордиот албион во водство од 1-0, но во продолжение доминираа гостите од Сенегал. Сар во 40-тата минута израмни на 1-1, Дијара и Сабали во 62-рата, односно 93-тата минута погодуваа за победа на Сенегал.
Серијата на Русија без пораз на пријателските натпревари откако се суспендирани од УЕФА и од ФИФА се искачи на 18 натпревари. Русите вечерва ја совладаа Белорусија со убедливи 1-4 на гостински терен.
Резултати – пријателски натпревари:
Азербејџан – Унгарија 1-2
Словенија – БиХ 2-1
Белорусија – Русија 1-4
Данска – Литванија 5-0
Шведска – Алжир 4-3
Англија – Сенегал 1-3
Грција – Бугарија 4-0
Израел – Словачка 1-0
Луксембург – Ирска 0-0
Северна Ирска – Исланд 1-0