36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Тухел имаше резервирано лет за Лондон за да го презеде Тотенхем кога се јави директорот на Баерн

Челниците на Баерн Минхен буквално го симнаа од авион новиот тренер Томас Тухел кој требаше да лета за Лондон за да потпише договор со Тотенхем, пишува германски „Кикер“.

Германскиот весник пишува дека Тухел веќе имал резервиран лет за Лондон и понуда да го презеде Тотенхем иако Петлите сè уште имаат тренер во Антонио Конте, на кого деновите му се избројани.

„Во вторникот, за време на ручекот, го зедов телефонот и го побарав Томас. Му реков веднаш да го прекине разговорот доколку не му се допаѓа прашањето кое ќе му го поставам. Тухел беше сериозен кандидат од првата секунда. Одлучивме дека ни е потребен искусен тренер со многу европски предизвици зад себе и брзо се договоривме. Со Томас преговаравме уште во 2018 година, но тогаш не одеше се по планот, за разлика од сега“, изјави спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ.

- Оглас -

Најнови вести