31.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Тухел: Јас не сум единствениот проблем во Баерн

Томас Тухел, кој на крајот од сезоната ќе го напушти баерн Минхен, дека тој не е единствен виновник за кризата во која се наоѓа германскиот гигант.

Тој порача дека ја прифаќа одговорноста и поради тоа на крајот од сезоната ќе си замине од „Алијанц арена“.

Баерн Минхен се наоѓа во серија од три порази по ред, прво загуби од Баер Леверкузен со 3:0 во дербито на Бундеслигата, а потоа во Рим загуби од Лацио со 1:0 во осминафиналето во ЛШ, а минатиот викенд беше поразен и од Бохум со 3:2 по што екипата драстично ги намали шансите да ја освои титулата во Бундеслигата.

„Доколку беше грешка само на една личност, во овој случај на тренерот, денеска пред вас ќе седеше некој друг на оваа прес-конференција. Не мислам дека сум единствениот проблем, но јас сум одговорен и ја преземам одговорноста. Управата ја знае мојата анализа, таа е самокритична, но не е за јавност“, изјави Тухел на прес-конференцијата пред утрешниот дуел со Ред Бул Лајпциг.

Тој исто така истакна дека не бил задоволен и кога екипата победувала.
„Се е јасно, си одам на крајот од сезоната и се надевам дека тоа ќе ни донесе слобода. Барем мене како тренер, а и тимот ќе се чувствува послободно“, додаде Тухел.

Според германските медиуми, Тухел е незадоволен од пристапот на фудбалерите, тој наводно на управата и порачал дека играчите не сакаат да ризикуваат на натпреварите. Наместо дриблери како Лерој Сане и Џамал Мусијала да одат напред и тие сè почесто топката ја враќаат назад со што Хари Кејн доаѓа во помалку шанси за гол.

- Оглас -

Најнови вести