Тухел контра Клоп, тренерот на Челзи нема да им поставува таков услов на фудбалерите

Новиот вид на коронав-ирусот, омикрон, прави големи проблеми во англискиот фудбал. Веќе неколку мечеви досега беа одложени, а можно е да има и други неодиграни мечеви во следниот период.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, неодамна изјави дека тој не планира во својот тим да носи фудбалери кои нема да бидат вакцинирани затоа што тие би преставувале потенцијален ризик и за останатите кои се вакцинирани.

За разлика од Клоп, менаџерот на Челзи, Томас Тухел нема да настојува неговите фудбалери да мора да бидат вакцинирани затоа што се покажало дека и вакцинираните играчи повторно се заразуваат.

Во Премиер лигата, 16 отсто од фудбалерите воопшто не се вакцинирани.

„Меѓу заразените не се само невакцинирани. Некои наши фудбалери се вакцинирани, а сепак повторно се позитивни. Не сакам да покажам со прст на никого, ниту да ловам невакцинирани. Секој има право на свој избор. Не може да ги тераме играчите да се вакцинираат. Јас нема да го променам моето мислење на оваа тема. На крајот, има стручњаци кои треба да зборуваат за тоа, јас сум тука за фудбалот“, вели Тухел.

Челзи вечерва игра во четвртфиналето од Лига купот на Англија против Брентфорд на гости.

- Оглас -

Најнови вести