Тухел: Мајнц има долг кон нас, треба да ни вратат за подарокот што им го дадовме

Борусија Дортмунд и Баерн Минхен утре попладне ќе ја водат завршната 90-минутна битка за титулата во германската Бундеслига.

Борусија е на пол-позиција, има два бода плус и со победа над Мајнц, ќе биде шампион прекинувајќи ја доминацијата на Баерн. Тренер на Баерн е Томас Тухел, кој во минатото ги има водено и Мајнц и Дортмунд.

За да биде шампион, на Баерн му треба победа над Келн, но и Борусија да не го совлада Мајнц.

„Премногу пати погрешивме. Јасно е дека прво ние мора да ја завршиме работата и да победиме против Келн. Како и да се заврши сезоната, не можеме да бидеме задоволни“, рече Тухел.

Потоа го прашаа дали чека подарок и помош од Мајнц или дали Баерн со пари ќе го мотивира Мајнц.

„Ние им доставивме подарок пред четири недели. Некој е во големи долгови“, се пошегува Тухел, кој потсети дека на 22 април Баерн загуби од Мајнц.

- Оглас -

Најнови вести