Ромелу Лукаку е вратен во првиот тим и му е дозволено да тренира од страна на тренерот Томас Тухел.
Белгиецот беше изоставен поради изјавата на „Скај спортс“, каде што го критикува тренерот на Челзи, како и неговиот систем на работа, по што беше изоставен во дербито против Ливерпул.
„Најважната работа е дека тој се извини и ја сфати грешката, а луѓето треба да разберат дека работата не беше толку голема како што викаа.
Секако и дека не беше ниту мала, но со разговор сè може да се надмине. Немам никаква дилема дека Ромелу ќе го даде максимумот за време на секоја минута помината на теренот“, изјави Тухел.
Челзи утревечер ќе се соочи со Тотенхем во меч од полуфиналето од ЕФЛ купот.