Тухел до Вилаш-Боаш: Играј лото. Одговор: Ти играше пред мечот со Аталанта?

Размена на провокации по мечот ПСЖ – Марсеј имало и меѓу двајцата тренери, Томас Тухел и Андре Вилаш-Боаш. Германецот, чиј тим играше ослабен, го загуби мечот. Марсеј девет години не знаеше за победа над актуелниот првак, па затоа Тухел му порачал на Вилаш-Боаш дека имал многу среќа што ги начекал во овој момент кога се некомплетни. Но, и Португалецот имал подготвено одговор.

„Тухел ми рече дека сум имал многу среќа и дека треба да играм лото. Му одговорив: А, дали ти играше лото пред мечот со Аталанта?“, вели Вилаш-Боаш, кој алудира на дуелот на ПСЖ со Аталанта од четвртфиналето на ЛШ, кога парискиот тим со два гола во судиското продолжение извојува среќна победа.

- Оглас -

Најнови вести