Тренерот на Челзи, Томас Тухел, изјави дека е непријатно изненаден од изданието на неговиот тим при поразот од Динамо Загреб на стартот на Лигата на шампионите.
„Не ги реализиравме своите прилики во првите 15 минути, па примивме неверојатен гол од два играчи во контра. Досега не сме примиле ваков гол. Потоа се мачевме во креацијата. Дали очекував ваков Динамо? Да, не ме изненадија тие. Очекував ние да бидеме подобри, но бевме лоши и тоа е нашата реалност. Лут сум и на себе и на нашата игра. Не бевме добри ни тимски, ни индивидуално, како да ни фалеа желба и глад“, изјави Тухел.