Тухел не може да го прифати резултатот, а Гвардиола предупредува дека во Минхен е опасно

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, не може да се помири со фактот дека неговиот тим загуби со 3:0 на гости кај Манчестер сити во првиот меч од четвртфиналето од Лигата на шампионите.

„Не го прифаќам овој резултат. Нѐ казнија во фазите од мечот во кои бевме подобар тим. Едноставно, брутално бевме казнети. Добро игравме додека резултатот беше 0:0. Не сакам да разговарам за резултатот. До 70-тата минута игравме добро и заслуживме барем да дадеме еден гол, но наместо тоа, ние им поклонивме погодоци на противниците. Денеска се вљубив во мојот тим и во начинот на којшто играа. Знам дека е чудно, но беше многу забавно“, рече Тухел по поразот на Челзи.

Стратегот на Сити, Пеп Гвардиола, е претпазлив затоа што многу добро ја знае силата на Баерн Минхен, клубот чиј предводник бил и самиот тој.

„Ова беше многу добар меч на топ екипи. До 55-60 минута гледавме израмнет фудбал. Родри постигна прекрасен гол, но потоа Гнабри и Муслера ни создаваа проблеми. Првите 10-15 минути од вториот дел тие беа подобар тим, имаа добри шанси. Сепак, потоа се прилагодивме, воспоставивме контрола и доминиравме во завршницата. Ова е неверојатно добар резултат за нас, но сите знаеме што значи да да се гостува во Минхен. Знаеме каков квалитет има противникот и дека нема да се предаде. Живеев во Минхен две години и знам каков е нивниот менталитет, но и со каков квалитет располагаат. Уште ништо не е завршено“, е реакцијата на Гвардиола.

 

- Оглас -

Најнови вести