Тухел не можеше да верува каква грешка направи Нојер, но не ги заборави и судиите

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, премногу беше разочаран од елиминацијата во полуфиналето од Лигата на шампионите. Тухел не може да верува каква грешка направи Мануел Нојер кога Реал даде гол за 1:1 во 88-мата минута.

„Боли. Ќе треба извесно време да се стабилизираме, но тоа е реалноста. На крајот Нојер, кој цел меч беше одличен, направи грешка која нема да ја направи во следните 100 години“, рече Тухел, кој не пропушти можност да потенцира дека неговиот тим бил оштетен кога судиите ја прекинаа акцијата по која гостите погодија за 2:2, досудувајќи офсајд, без притоа да се сигурни дека навистина има недозволена ситуација.

„Катастрофа. Апсолутна катастрофа. При вториот гол на Реал, судиите оставија нападот да продолжи. Јасни се правилата, играта треба да продолжи. Првата грешка е направена од линискиот судија, а втората грешка е на главниот судија. Тоа беше прекршување на правилата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести