17.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Тухел не треба да се плаши од отказ

Томас Тухел нема да добие отказ иако неговиот ПСЖ претрпе уште една разочарувачка сезона во Лигата на шампионите. Иако „светците“ го пречекаа Манчестер јунајтед со два гостински гола предност во реваншот, избраниците на Оле Гунар Солскјер се изборија за пласман во следната фаза и го елиминираа францускиот гигант.

Сепак, претседателот Насер Ал-Келаифи има целосна доверба во Тухел и нема да намера да менува ништо во стручниот штаб, додека од германскиот стратег зависи дали ќе има промени во составот за следната сезона, а најверојатно ќе има бидејќи ПСЖ во преоден рок не седи со скрстени раце.

„Му верувам на тренерот, нема потреба за промени само поради што загубивме еден меч. Допрва треба да разговараме дали тој сака нешто да смени во екипата или да ги остави работите какви што се. Одлуки за иднината на овој клуб треба да носиме со ладни глави, мора да се смириме и да видиме каква намера има Тухел“, посочи Ал-Келаифи.

Шампионската титула во Франција речиси им е обезбедена, ПСЖ има 17 бода предност во однос на второпласираниот Лил, а исто така уште се во борба за трофеј во еден од француските купови. Но, и по оваа сезона ќе останат без најпосакуваниот пехар, европскиот.

- Оглас -

Најнови вести