Тухел нема избор – Нејмар е ровок, но мора да игра против Ц. ѕвезда

Експедицијата на Пари Сен Жермен треба денеска да пристигне во Белград, а во составот на фрацускиот првак е и Нејмар. Иако не е комплетно фит по повредата, сепак Бразилецот летна од „Орли“ кон главниот град на Србија. Вечерва, по подолг период ќе тренира, и тоа на „Маракана“, а утре и ќе игра против Црвена ѕвезда.

Францускиот медиуми објавија дека одличниот офанзивец на ПСЖ речиси сигурно ќе биде во стартната постава на популарните „светци“.

Тренерот Томас Тухел нема да калкулира и ќе игра со најсилниот состав што го има на располагање, бидејќи се работи за меч од последното коло во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Црвена ѕвезда одигра многу подобро од очекувањата во веројатно и најтешката група, со Наполи, Ливерпул и ПСЖ, па Тухел е внимателен.

Со победа, ПСЖ сигурно ќе се пласира во нокаут-фазата во ЛШ. Во домашното првенство сигурно ќе биде шампион, па Нејмар мора да игра во Белград бидејќи во овој период за „светците“ приоритет е најдоброто клупско европско натпреварување, односно Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести