Тухел објасни која е причината за шокантната елиминација на Баерн Минхен

Баерн Минхен остана без еден планиран трофеј за оваа сезона откако беше елиминиран во четвртфиналето од Купот на Германија. Најтрофејниот германски клуб на домашен терен загуби од Фрајбург со 2:1, со што се покажа дека кризата во клубот уште постои.

Само пред 10-тина дена Баерн реши да му даде отказ на Јулијан Нагелсман и на негово место го доведе Томас Тухел. Дебито на Тухел беше одлично затоа што Баерн во дербито против Борусија Дортмунд победи со 4:2, но само три дена подоцна се случи шок и пораз од Фрајбург. По мечот, Тухел не можеше да сфати како неговиот тим е елиминиран.

„Фрајбург постигна два гола од две шанси. Не може да се сетам на ниедна друга нивна акција за гол. Ние имавме добри моменти, но постојано нешто недостасуваше. Последното додавање, точна одлука, прецизност… На крајот самите сме виновни и секако дека разочарувањето е огромно“, рече Тухел.

Запрашан дали се чувствува виновен за оваа елиминација, Тухел ја прифати одговорноста, но имаше и оправдување.

„Секако дека јас сум одоговорен за резултатите, но факт е дека немав доволно време“, беше објаснувањето на Тухел, кој до неодамна беше на клупата на Челзи, а во кариерата ги има предводено и екипите на Борусија Дортмунд, Мајнц и Пари Сен Жермен.

Денеска се играат уште два меча од четвртфиналето на Купот, а секако ги има во понудата на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести