Килијан Мбапе е првиот од фудбалерите на Пари Сен Жермен, кој преку социјалните мрежи се прости од тренерот Томас Тухел, за кого престојот на клупата на Светците е завршен. На Тухел му било кажано дека договорот ќе му биде раскинат, а 99 проценти е сигурно и дека Маурисио Покетино ќе биде новиот тренер на ПСЖ. Но, официјално засега клубот ги нема потврдено овие најави.
„За жал, законите во фудбалот се такви, но никој нема да го заборави вашиот престој тука. Испишавте убава страница од историјата на клубот и сакам да би кажам благодарам тренеру“, напиша Мбапе на „Инстаграм“, а упати благодарност и до помошниците кои работеа со Тухел во стручниот штаб.