Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, уште во средината на мај тајно бил во Лондон кај Хари Кејн дома за лично да го убедува да дојде во германскиот гигант и да направи притисок врз челниците на Тотенхем да попуштат со високите барања околу отштетата.
Наводно Кејн бил импресиониран од потегот на Тухел и од разговорот, рекол дека би дошол во Баерн затоа што сака да освојува трофеи, а во Тотенхем тоа не е можно.
Договорот на Кејн истекува во јуни 2024 година, а Тотенхем засега не сака ни да слушне да го продаде за помалку од 100 милиони фунти и ги одбија досегашните понуди на Баерн кои беа под 100 милиони. Баварците имаат проблем со реализацијата по заминувањето на Роберт Левандовски и решени се да го земат Кејн.