21.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Тухел откри кој фудбалер вечерва ќе му даде гол на Реал Мадрид

Баерн Минхен единствената шанса за освојување на трофеј за оваа сезона ја има во Лигата на шампионите. Баварскиот гигант вечерва на свој терен во Минхен ќе го пречека Реал Мадрид во првиот меч од полуфиналето на елитната лига на УЕФА.

Тренерот на домаќините, Томас Тухел, најави дека има проблеми со составување на тимот поради повредите на неколку играчи.

„Засега не можам да кажам дали Де Лихт и Јалмер ќе бидат подготвени. Треба да ги поминат последните тестови. Во последен момент ќе решиме и за тоа дали ќе играат Сане и Мусијала“, вели Тухел, кој има големо почитување кон Реал Мадрид, но тоа не значи дека Баерн ќе се уплаши. Тој дури реши и да прогнозира кој фудбалер на Баерн Минхен ќе му даде гол на Реал Мадрид.

„Гнабри ќе даде гол, очекувам тоа да се случи. Не знам како знам, но едноставно чувствувам дека ќе биде така“, прогнозира Тухел. Гнабри да биде стрелец на првиот гол е со квота 9, а да погоди во текот на мечот е со квота 3.50.

- Оглас -

Најнови вести