Тухел почна да учи шпански јазик, но Перес има друг фаворит за клупата на Реал

Управата на Реал Мадрид започна преговори со Маурисио Покетино за да седне на клупата на Кралевите и да биде наследник на Карло Анчелоти, пишува весникот „Ел Насионал“.

Договорот на Анчелоти со Реал Мадрид истекува идната година, но работата не му е сигурна и доколку не успее да освои некаков трофеј сезонава, може да добие отказ.

Весникот пишува дека ова е реално сценарио и ги предвидува првите потези на Покетино како тренер на Реал Мадрид. Со доаѓањето на Покетино, од „Сантијаго Бернабеу“ би си заминале Еден Азар, Дани Карвахал, Хесус Валјехо, Алваро Одриозола, Маријано Дијас, Менди и Лукас Васкес.

Во игра за клупата на Реал Мадрид е и Германецот Томас Тухел, кој наводно веќе почнал да учи шпански јазик надевајќи се дека токму тој ќе биде наследник на Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести