Тухел потврди дека никој не ја сака „проколнатата 9-ка“ во Челзи

Дресот со бројот 9 уште е слободен во Челзи, и засега никој од фудбалерите кои се под договор со Сините од Лондон, не е заинтересиран да го земе. Причната е позната, „проклетството“ кое ги следи сите напаѓачи кои ја носеле деветката во последните години.

Во минатата сезона, 9-ката ја имаше Ромелу Лукаку, но не се прослави. Пред него, дресот со број не им донесе многу голови ниту на Фернандо Торес, Алваро Мората, Гонзало Игуаин, Радамел Фалкао, Ернан Креспо, Матеја Кежман…

„Луѓето велат дека дресот со број 9 во Челзи е како проклет. Никој не сака да го земе. Затоа никој го нема задолжено тој број до денеска. И јас сум суеверен, па ги разбирам што го избегнуваат“ – изјави менаџерот Томас Тухел.

Останува да се види дали Челзи до крајот на месецов ќе купи напаѓач кој ќе се нафати да го земе „проколнатиот“ дрес.

- Оглас -

Најнови вести