Тухел потврди дека си оди: „Ова е мојата последна прес-конференција во седиштето на Баерн“

Последните неколку дена се појавија шпекулации дека Томас Тухел ќе остане на клупата на Баерн Минхен и следната сезона откако од претходно беше најавено дека тој ќе си оди, но Баварците никако да пронајдат соодветна замена за него.

Сепак, самиот Тухел на денешната прес-конференција демантираше дека ќе остане и најави дека дефинитивно си оди.

„Ова е мојата последна прес-конференција за новинарите од Сабнер штрасе (седиштето на Баерн). Остануваме на договореното од претходно. Имаше дополнителни разговори во последниот период, но не успеавме да најдеме заеднички јазик“, рече Тухел.

Баерн Минхен оваа сезона не успеа да освои ниту еден трофеј и тоа беше причина за разделбата со Томас Тухел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести